Назад

Учениците од второ одделение, се запознаа и учествуваа на предавање со првиот аналоген астронаут од Балканот, Мартина Димоска. 2/19/24

Согласно програмата по предметот природни науки, на ден 15.02.2024 година, учениците од второ одделение, се запознаа и учествуваа на предавање со првиот аналоген астронаут од Балканот, Мартина Димоска. Преку презентација на слики, видеа од својата работа, Мартина им долови на учениците многу интересни искуства поврзани со Вселената. На крајот од излагањето, учениците својата љубопитност ја искажаа преку интервју, поставување отворени прашања, за работата на Мартина. Задоволството на учениците беше навистина големо.