Конституирање на Училишниот парламент 10/1/25
На 30.09.2025г. во нашето училиште се конституираше новиот Ученички парламент кој активно ќе работи во тековната учебна година и по пат на тајно гласање се избра раководство на Ученичкиот парламент, ученички правобранител и други претставници.
На средбата присуствуваа 35 ученици, претставници на одделенските заедници од училиштето. На присутните ученици најпрво им се обрати одговорниот наставник, Александра Ѓуровска која им објасни дека почнува со работа Ученичкиот парламент. Тој како и секоја година се конституира последната недела од месецот септември. На учениците им беше објаснето дека оваа ученичка организација се грижи за заштита на нивните права, но тука е и да ги потсети и на нивните обврски како ученици.
Потоа на присутните ученици им се обрати директорот на училиштето доц. д-р Горанчо Јакимов кој им посака успешна работа и ги упати во работата која ги очекува во тековната учебна година.
Следуваше најавеното гласање кое помина во најдобар ред, а беа избрани следните ученици:
За претседател на Ученичкиот парламент беше избрана ученичката Тара Ангелеска од IX-а одд. , за заменик- Лара Малзаркова од VIII-б одделение и секретар- Лина Ќиброска IX-в одделение.
За ученички правобранител беше избрана ученичката Аника Христовска од IX-г одделение, а за нејзин заменик –Сара Данова од IX-а одделение.
На состаноците на Наставничкиот совет ќе присуствуваат: Ели Крстевска од VIII-а и Ваја Кирјазовска од VIII-в одделение. На Совет на родители, односно Училишен одбор претставници ќе бидат Тара Ангелевска и Катја Јовановски.
Исто така беа избрани и ученици кои ќе бидат дел од Комисијата за спречување насилство, а тоа се ученичкиот правобранител и неговиот заменик.
Откако се конституираше парламентот и беа одбрани сите негови структури, на присутните им се обрати избраниот претседател Тара Ангелеска. Таа им се заблагодари за укажаната можност и вети дека ќе ги застапува нивните интереси со цел училиштето да стане уште поубаво место во кое тие поминуваат најголем дел од своето време.
Одговорен наставник: Александра Ѓуровска
