Назад

Балетот, како дел од музичката уметност и култура. 2/3/25

Со цел проширување на знаењата за балетот, како дел од музичката уметност и култура, учениците од трето одделение, на ден 03.02.2025 година, ја посетија Македонската опера и балет и ја проследија балетската претстава „Доктор Офболи“. Посетата се одвиваше прекрасно и задоволството на учениците од истата беше големо. При посетата учениците се запознаа со институцијата Македонска опера и балет, професијата балерина, балетан, ја доловија балетската уметност преточена во омиленото нивно лектирно дело. Прекрасната сценична изведба ги однесе во нивниот мисловен свет, каде секој лик, балетан на сцената, си го доживуваа посебно и го поврзуваа со ликовите и настаните од прочитаната лектира.

-Учениците по посетата успешно знаеа да дефинираат што е тоа балетско дело, зошто е значајна балетската уметност, научија за балетската сценографија и костимографија, за класичната музика како дел од едно балетско дело. Научија и културно да се однесуваат во институција.