Светскиот ден на наставникот,5 октомври 10/6/24
Честит Меѓународен ден на наставникот!
Денес се одбележува Светскиот ден на наставникот, чија цел е да ја уважи работата на наставниците и истата да ја прикаже како една од најважните за севкупниот развој на општеството.
Во рамки на денешното одбележување,Општина Кисела Вода додели награди на 33 просветни работници од основните училишта на општината.
Ова признание е доделено на одделенски наставници, предметни наставници и стручни соработници кои ги исполнуваа зададените критериуми на распишаниот конкурс и покажале особена посветеност во својата работа со учениците.
Учителите имаат исклучително важна и благородна мисија – да го насочуваат и обликуваат развојот на децата во одговорни и успешни личности.
Нивната улога во образовниот процес е клучна, а денес со овие награди сакаме да им оддадеме признание за нивната посветеност и да ги мотивираме да продолжат со истата енергија и ентузијазам.
Нека е Честит Светскиот ден на учителот на сите наставници, кои секојдневно вложуваат љубов и знаење за иднината на нашите деца.