Назад

Во нашето училиште во организација на Шаховскиот Сојуз на Град Скопје се одржа турнир во шах 2/12/24

Денес во нашето училиште во организација на Шаховскиот Сојуз на Град Скопје се одржа турнир во шах на кој земаа учество 85 ученици од второ до деветто одделение.

Најдобрите се здобија со право на учество на Општинскиот натпревар по шах кој ќе се одржи до крајот на февруари и на кој ќе учествуваат ученици од сите основни училишта на територијата на Општина Кисела Вода. На Општинскиот натпревар се пласираа 20 ученици од второ до петто одделение и 13 ученици од шесто до деветто одделение.

Им посакуваме среќа и успех на оние ученици кои се квалификуваа за општинскиот натпревар, а на останатите им порачуваме да продолжат да се дружат со шахот, да учат и да напредуваат со цел да остварат подобри резултати на некои идни турнири.

Благодарност до сите.

Одговорен наставник Наташа Лосковска

#sahovskisojuznagradskopje

#opstinakiselavoda