Назад

Обука на тема: „Сајбер безбедност за ученици, наставен кадар и родители“ 12/1/19

На 21.11.2019 година во хотел „Александар Палас“ се одржа еднодневна обука на тема: „Сајбер безбедност за ученици, наставен кадар и родители“.

Обуката беше во организација на Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за образование и наука, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата Метаморозис.

Целта на обуката беше да се подине свеста за ризиците во сајбер просторот, како и одговорностите на родителите, образовните институции и органите на државната управа при справување со сајбер инциденти кај учениците од основното образование.

На еднодневната обука учествуваа претставници од министерството за информатичко општество и администрација и образование и наука, претставници од други релевантни институции и организации, наставен кадар од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и ОУ „Хасан Приштина“, ученици и родители.

галерија