Назад

Учениците од трето Б одд. заедно со нашата родителка, воедно и Претседателка на Здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“ Весна Алексовска одржаа работилница со која го одбележаа 29 февруари - Светски ден на ретките болести. 3/1/24

Учениците од трето Б одд. заедно со нашата родителка, воедно и Претседателка на Здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“ Весна Алексовска одржаа работилница со која го одбележаа 29 февруари - Светски ден на ретките болести.

Во знак на поддршка на лицата со ретки болести учениците ставаа отпечатоци од дланките во различни бои на хамер. Потоа на учениците им беа поделени мали парчиња на хартија (жолти, како зраци од сонце). Учениците пишуваа поими или пораки како тие би ги поддржале лицата со ретки болести. Истите се залепија на хамер и се направи големо Сонце.

Развивањето емпатија, разбирање, сочувство и почитување на лицата со ретки болести беше главната цел на оваа работилница.

Одд.наставник: Анета Буковалова