Изложба во галеријата на Кинотеката „Билјана Беличанец“ 9/25/25
На ден 22.09.2025 година учениците од VIII-а и VI-в одделение, под менторство на наставничките по историја Катарина Кузмановска и Лидија Петковска, остварија посета на изложбата во галеријата на Кинотеката „Билјана Беличанец“
Овој настан беше организиран од страна на Општина Кисела Вода – Скопје, со цел да се поттикне интересот на младите за културното и духовното наследство.
Целта на посетата беше продлабочување на знаењата за културното и духовното наследство, запознавање со значајни артефакти и развивање на свест кај учениците за зачувување на националната традиција и вредности.
Посетата протече во позитивна и работна атмосфера. Учениците имаа можност да разгледаат изложени ракотворби, да слушнат стручно објаснување и да поставуваат прашања поврзани со темата. Наставничките ги насочуваа дискусиите и поттикнуваа активно учество со цел да се поврзе изложеното со наставните содржини по историја.
Овој настан претставува значајно искуство за збогатување на наставниот процес и за поттикнување на љубопитноста и интересот на учениците кон македонското културно и духовно наследство.
