Работилница за родители 4/19/23
Во рамките на родителските средби на ден 06-07.04.2023 год.во I а,б,в и г одд.беше реализирана презентација на тема "Родителите и самодовербата кај децата".Целта на презентацијата е да се увиди како различните родителски стилови различно влијаат врз градењето и развојот на самодовербата кај децата.Во контекст на презентацијата беше реализирана и работилницата "Скршено срце".По завршување на активностите беа поделени брошури.Презентацијата и работилницата беа реализирани од страна на училишниот педагог Жаклина Стојановска.