Работилница со родителите од првите одделенија. 11/27/24
Тема: „Родителите и самодовербата на децата“
Место на реализација: во просториите на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“
Време на реализација: 11.11.2024 год. и 14.11.2024 год.
Предавач: педагогoт Жаклина Стојановска
Присутни: родителите од I а, б, в и г одделение како и наставничките од прво одделение.
Целта на презентацијата и работилницата е родителите да:
- разликуваат дете со самодоверба и дете без самодоверба,
- да ги знаат типовите на семејно воспитување и да се пронајдат кој тип се,
- да знаат како стилот на семејното воспитување влијае врз развивањето на самодовербата кај децата,
- да знаат како да му помогнат на своето дете за развивање на самодовербата,
Работилницата-презентацијата се одвиваше во училница на првите одделенија и тоа на 11.01.2024 година со родителите од I а и I б одделение и 14.11.2024 година со родителите од I в и I г одделение. Присуството на родителите беше во голем број.
Во текот на презентирањето имаше постојана комуникација и интеракција со родителите и заинтересираноста за истата беше на завидно ниво.
После презентацијата со родителите беше направена работилницата”Скршено срце”, а на крај им беа поделени брошури.
Сето ова беше направено во соработка со педагогот и наставничките од прво одделение кои потоа ја продолжија родителската средба, секоја поединечно.
педагог: Жаклина Стојановска
наставници : Директор: м-р Борче Миревски
Весна Бошковска
Павлинка Мијалова
Ирена Шехтанска
Билјана Мицковска