Назад
Работилници со родители на тема: „Родителите и самодовербата на децата“ 2/15/20
Во текот на месец ноември 2019 и јануари 2020 беа одржани презентации за родители на ученици од прво и трето одделение на тема: „Родителите и самодовербата на децата“. Предавач беше педагогoт Жаклина Стојановска
Целта на презентацијата и работилницата беше родителите да:
- разликуваат дете со самодоверба и дете без самодоверба,
- да ги знаат типовите на семејно воспитување и да се пронајдат кој тип се,
- да знаат како стилот на семејното воспитување влијае врз развивањето на самодовербата кај децата,
- да знаат како да му помогнат на своето дете за развивање на самодовербата,
Работилницата-презентацијата се одвиваше во училницата со СМАРТ табла, а во текот на презентирањето имаше постојана комуникација и интеракција со родителите и заинтересираноста за истата беше на завидно ниво. Со родителите беше направена работилница, а на крај им беа поделени брошури. Сето ова беше направено во соработка со педагогот и наставничките од прво и трето одделение.