Работилница со родителите од првите одделенија 12/20/23
Тема: „Родителите и самодовербата на децата“
Место на реализација: ООУ „Кирил Пејчиновиќ“
Време на реализација: 15.11.2023 год. и 16.11.2023 год.
Предавач: педагогoт Жаклина Стојановска
Присутни: родителите од Iа и I г одд . родителите од I в и I б одд. како и наставничките од
прво одделение.
Целта на презентацијата и работилницата е родителите да:
разликуваат дете со самодоверба и дете без самодоверба,
да ги знаат типовите на семејно воспитување и да се пронајдат кој тип се,
да знаат како стилот на семејното воспитување влијае врз развивањето на
самодовербата кај децата,
да знаат како да му помогнат на своето дете за развивање на самодовербата,
Работилницата-презентацијата се одвиваше во просториите на училиштето и тоа
на 15.11.2023 година со родителите од Iб и I в одд. и 16.11.2023 година со родителите од I а и I г
одд.
Во текот на презентирањето имаше постојана комуникација и интеракција со
родителите и заинтересираноста за истата беше на завидно ниво.
После презентацијата со родителите беше направена работилница „Скршено
срце“, а на крај им беа поделени брошури.
Сето ова беше направено во соработка со педагогот и наставничките од прво
одделение кои потоа ја продолжија родителската средба, секоја поединечно.
педагог: Жаклина Стојановска
наставници:
Емилија Стефановска, Васа Трајчевска,
Катерина Трајчевска Ѓуровска, Маја Арсовска