Назад

Посета на фабрика за преработка на пластика „Пластекс“ 12/10/18

На ден 05.12.2018 годинa учениците од IVа и  IVд одделение ја посетија фабриката за преработка на пластика со цел учениците да се запознаат со процесот на рециклирање. Гостопримливите домаќини на учениците им го објаснија целиот процес. Најпрво пластиката се мие, се суши, се дроби и се добиваат ситни топчиња пластика кои под дејство на топлина се топат и низ ваљак излегува бескрајна лента ќеса, која потоа се сече и се печати. На крајот на учениците им подарија по една ќеса за спомен. Освен процесот на рециклирање  учениците научија дека пластиката е штетна за нашата планета и потребно е да ја селектираме за да може истата да се рециклира.

Фотографии од настанот