Учениците од второ одделение во посета на Природно научниот музеј и Театарот за деца и младинци 11/7/23
На ден 27.10.2023 година, учениците од второ одделение, согласно наставниот план и програма по природни науки, тема „Живите суштества и нивните живеалишта“ и „Растенија што цветаат“, го посетија Природно научниот музеј и Зоолошката градина. Преку поучното водење на кустосот, учениците, непосредно се запознаа со широкиот спектар на животни, растенија и нивните живеалишта во нашата татковина.
На ден 01.11.2023 година, учениците од второ одделение, согласно наставниот план и програма по македонски јазик, медиумска култура, го посетија Театарот за деца и младинци и ја проследија тетарската претстава „Гига, мега бајка“. Учениците ги проширија знаењата за театарската уметност. Актерите наредија куп необични и урнебесни случки кој магично создадоа еден чудесен свет на модерната бајка. Пораката на оваа претстава е богатење на детската фантазија преку другарувањето, односно заедничкото смислување на магични светови кое нема крај на нашата фантазија, преку која стануваме подобри луѓе. Задоволството зрачи на ликот на секој ученик.