Назад

Учениците од 4то одделение во посета на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски. 12/17/23

Согласно програмата по предметот Историја и општество за четврто одделение, учениците ја изучуваа темата Средината во која живеам. Научија како се вика нашата општина, кои се нејзините симболи, кој раководи со општината , како се избира градоначалник и кои се неговите задачи. Тоа беше и причина на 11.12.2023 година со учениците од 4то одделение да го посетиме градоначалникот на Општина Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски. Разговаравме за работата на градоначалникот, а учениците му ги кажаа своите барања, безброј желби и добија ветување од градоначалникот дека ќе им ги реализира во најскоро време. Големата сала беше исполнета со позитивна енергија, многу детски среќни и насмеани лица.