Назад

Посета на Македонска филхармонија 4/26/25

Во согласност со Наставниот план и програма за петто одделение по предметот Музичко образование, на ден 25.04.2025 година (петок) реализирана е посета на Македонската филхармонија. Учениците имаа можност да го проследат Детскиот симфониски концерт „ИМАТЕ ЛИ РИТАМ?“. Концертот го водеше актерот Мартин Јорданоски и тој на интересен начин ги воведе учениците во тајните на ритамот и неговата разновидност. Децата имаа можност да слушнат композиции од класичната и од модерната музичка литература. Слушнаа дела од Смокварски, Калифе, Андерсон, Бернштајн, Штраус, Де Фаља. Концертот ги донесе ритмите на Македонија, Либан, Куба, Шпанија...., а актерот Јорданоски ги анимираше децата „свирејќи“ на разно - разни предмети докажувајќи дека ритамот го има насекаде околу нас.