Назад

Патронен празник на нашето училиште 3/25/23

На ден 23.03 и 24.03. 2023 година во нашето училиште се одржа културен настан по повод патрониот празник на училиштето.

Визијата која нашето училиште ја остварува е тоа дека сакаме да создадеме училиште во кое на учениците ќе им понудиме квалитетни знаења, услови за развивање на креативноста и истражувачкиот дух, стекнување на самостојност и самодоверба, меѓусебно почитување и изучување на културата на живеење.

     

Кирил Пејчиновиќ бил зачетокот на просветителството во Македонија и бил еден од монасите кои од се’ срце ги предавале своите знаења на учениците. Ние треба да му бидеме благодарни затоа што бил инспиративен учител кои ги охрабрувал и поттикнувал луѓето да зборуват на нивниот слободен јазик. Неговото име треба да го славиме и секојдневно да оддаваме почит за неговото дело, а неговиот сон достојно да го живееме! Благодарност и до наставниците кои се одговорни за целиот настан наставничката по Македонски јазик - Снежана Цоневска, наставничката по Музичко образование - Даница С. Настевска и наставникот по Ликовно образование - Марко Јачев. Секако и огромна благодарност и на целиот тим на ученици кои се вложија да биде успешен овој евент.

Нека ни е честит и вековит патрониот празник!