Назад
Интерактивната детска претстава „Елфовите и Дедо Мраз“со учениците од прво одделение. 12/28/25
Денес беше проследена интерактивната детска претстава „Елфовите и Дедо Мраз“со учениците од прво одделение. Претставата се одвиваше во весела и празнична атмосфера, при што учениците активно учествуваа со песна и игра. Со голема радост го пречекаа Дедо Мраз, кој им упати топли честитки и им посака среќни и успешни новогодишни празници.
Настанот придонесе за развивање на празничниот дух, позитивната емоционална клима и зајакнување на заедништвото меѓу учениците.
