Назад

Настава во природа петто одделение 5/30/23

Од 22.05-26.05.2023г., учениците од V одделение беа на Настава во природа во Струга. Се запознаа со природните убавини на западниот и југозападниот дел на Македонија. Посетија многу манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта и музеи. Поминаа прекрасни денови во дружење, забава и игра. Овие незаборавни мигови на среќа, сплотеност и другарување, засекогаш ќе ги паметат.