Назад

МИО работилници 9/26/23

Под менторство на наставниците Ирена Стефанова, Александра Бошковска Спасовска, Елена Бендовска, Катерина Трајчевска Ѓуроска и педагогот Жаклина Стојановска, на 22.09.2023г се спроведоа заеднички МИО работилници на ученици од нашето училиште и учениците од ООУ,,Алија Авдовиќ", Батинци, с.Љубош.

Во инклузивната работилница „ Сплотени играме заедно " децата изработуваа скици во дворот во разни бои за инклузивни игри, заеднички хамери и преку музички игри учеа како подобро да ги разберат и прифатат различностите, а во работилницата „ Велигденски и Бајрамски празнувања " истражуваа за рамазансите и велигденските пости, за велигденското јајце, подготовка на бајрамски пакетчиња и традиционалните јадења карактеристични за овие два празника.