Настан FIRST LEGO League CHALLENGE натпревар, обезбеден од Академијата за Роботика и Иновации. 3/2/25
Нашето училиште на 1-ви март 2025 година во Diamond Mall ,учествуваше на настан FIRST LEGO League натпревар, обезбеден од Академијата за Роботика и Иновации. Овој натпревар е признат на глобално ниво и е подржан од УНЕСКО што го прави еден од најпрестижните STEM настани во светот. FIRST LEGO League е глобална иницијатива која ги запознава децата со науката,технологијата,инженерството и математиката(СТЕМ) преку интерактивно и забавно учење базирано на пракса.Натпреварите се насочени кон развој на вештини кај младите,преку решавање на реални проблеми,работење на проекти и создавање на иновативни решенија.Овој пристап ги мотивира учениците да размислуваат критички,да развиваат нови перспективи за иднината и да станат подобро подготвени за предизвиците во реалниот свет.Тема на сезоната 2024-2025 год беше Истражување на океаните.Океаните се срцето на глобалниот екосистем ,нашите ученици имаа можност да истражуваат и креираат решенија за зачувување и одржливост на океанските ресурси,односно го мотивираше тимот да го прошири знаењето и креативноста во насока на решенија кои придонесуваат кон поздрав и почист океан.Ова беше одлична можност за тимот која придонесе за -Развој на критичкото размислување-Тимска работа-Програмирање и алгоритамско размислување.
FIRST LEGO League беше уникатна можност која ја потикна љубопитноста,иновативноста и креативноста на тимот ЛЕГО ЛЕГЕНДИ кој се состоеше од 10 ученици / Кирјазовска Ваја,Георгиевска Калина,Димитров Максим,Мајноска Бисера,Ковчич Иринеј,Ристов Максим,Стојанов Ведран,Кочоска Ана,Дамјан Нака,Дамјан Савов и 2 ментори Богатиноска Соња и Бошковска Весна.Голема благодарност до нашиот спонзор TITAN USJE ,кој несебично го подржа овој проект кој претставува можност за менторите и учениците да станат дел од глобалната STEM заедница и да инспирираат генерации на иноватори и лидери.