Назад

Конференција „Сите во акција за справување со врсничко насилство“ 2/21/24

На конференција „Сите во акција за справување со врсничко насилство“ што се одржа на 21 февруари 2024 година, во Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје, присустни беа дефектологот, педагогот, а во панел дебата зеде учество споделувајќи сопствени искуства одделенскиот наставник Катерина Трајчевска Ѓуровска.

Конференцијата е завршен настан на проектот „Сите во акција за безбедни училишта“ - поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност (МГО), во рамките на проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ што се финансира од ЕУ, реализиран од Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје.

 

Учесниците на конференцијата имаа можност да дискутираат и да дознаат нешто повеќе за фактичката состојба, превенција, препознавање и справување со различни форми на врсничко насилство.