Проект „И Акција…“ 9/25/25
На ден 24 септември 2025 година, во просториите на Кинотеката на Република Северна Македонија се одржа еднодневна обука во рамки на проектот „И Акција…“, реализиран преку програмата ЕРАЗМУС+ на Европската Унија. Темата на обуката беше „Примена и креирање на видеосодржини во наставни цели“.
Оваа обука беше наменета за наставниот кадар со цел унапредување на знаењата и вештините за употреба на видео-записи при креирање и реализирање на наставни содржини. Присутните наставници имаа можност да се запознаат со современи пристапи и алатки за создавање и користење на аудиовизуелни материјали кои ја збогатуваат наставата и ја прават поинтересна и поефикасна.
На настанот учествуваа наставници од сите основни училишта од општина Кисела Вода, меѓу кои и нашите наставнички Катерина Мане, Катерина Кузмановска, Лидија Петковска и Ирена Наумовска.
Учеството на вакви обуки е од особено значење за професионалниот развој на наставниците и за подобрување на квалитетот на наставниот процес во нашето училиште.
