Назад

Конкурс за избор на членови на раководството на ученичкиот парламент и ученички правобранител 9/17/25

Како и секоја учебна година, така и оваа, во нашето училиште ќе се формира и активно ќе функционира Ученички парламент.

За таа цел, се известуваат сите ученици, членови и претставници на одделенските заедници дека во тек е Конкурс за избор на членови на раководството на Ученичкиот парламент, како и за избор на Ученички правобранител.

За сите подетални информации околу условите за конкурирање и задолженијата на избраните ученици можете да се обратите кај одговорниот наставник Александра Ѓуровска.

Заинтересираните ученици задолжително треба да пополнат пријава која можат да ја подигнат кај посочениот одговорен наставник. Конкурсот трае до 29.09.2025г

Одговорен наставник: Александра Ѓуровска