Меѓуетничка интеграција во образовниот процес 6/17/23
Во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, на 09.06.2023, се реализираа активности во која учествуваа учениците од нашето училиште и учениците од ООУ,,Алија Авдовиќ", Батинци, с.Љубош.
Првачињата, под менторство на наставничката Елена Бендовска, со работилницата "Од кукла до знаење" научија за примена на кукларството во наставата. Во практичната реализација, заеднички соработуваа и изработуваа кукли, па со нив драматизираа басни и приказни за животните на три наставни јазици: македонски, босански и турски. Многу интересно им беше на учениците да ја слушнат драматизацијата на различни наставни јазици. Соработката и самодовербата ја зголемија по успешната, креативна изработка на куклата на која и дадоа човечки особини во нивната драматизација.
Учениците, пак, од петто оделение, под менторство на наставничката Катерина Трајчевска Ѓуровска, реализираа заедничка активност "Учете од нас, чист воздух е спас- користи превоз на сопствен погон".
Учениците реализираа активности во која го промовираа велосипедизмот како здрав, безбеден и алтернативен начин за превоз, сплотени заедно го воведовме како здрава и забавна активност во простор за игра и забава.Преку заеднички игри научивме да споделуваме успех и неуспех, соработка и дружење и почитување.
За реализирање на активностите несебично помогнаа и педагогот Жаклина Стојановска, наставничките по математика Ирена Стефанова и Александра Бошковска Спасовска.