Назад

Посета на меморијалниот центар на жртвите од холокаустот 2/16/20

На 12.01.2020 година учениците од IX одделение придружувани од  наставниците: Катерина Кузмановска – наставник по историја, Даниел Божиновски–наставник по граѓанско образование и директорот на училиштето Борче Миревски го посетија меморијалниот центар на жртвите на холокаустот.

Целта на посетата беше да се прошират знаењата на учениците за Евреите од Македонија и нивната депортација до концентрациониот логор Треблинка.

Меморијалниот центар се наоѓа на местото на некогашното еврејско маало — средиште на еврејскиот живот во градот до нивната депортација во концентрацискиот камп Треблинка. Маалото постоело во градот до катастрофалниот земјотрес, кога било срушено, а подоцна на неговото место постоела меѓуградската автобуска станица. Музејот се наоѓа зад новоизградениот Музеј на македонската борба, кој излегува на реката Вардар. Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија бил официјално отворен на 10 март 2011 година, точно 68 години откако бугарските окупаторски сили ги депортирале македонските Евреи во концентрацискиот камп Треблинка. Меморијалниот центар привлекува многу посетители, па така за само три дена по отворањето, центарот бил посетен од над 3.000 луѓе.

При посетата  на меморијалниот центар на жртвите на холокаустот учениците имаа можност да дознаат повеќе за животот на македонските Евреи,за нивното доселување во Македонија,начинот на живот,култура,обичаи.

На крајот при сумирање на впечатоците заклучивме дека:  ДЕНЕС ВО СЕГАШНОСТА,ЗБОРУВАМЕ И СЛУШАМЕ ЗА МИНАТОТО, НО СО НАДЕЖ И ЖЕЛБА ЗА ИДНИНАТА ,ЗЛОСТОРСТВОТО НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!