Назад

Мали чекори кон големи соништа 5/6/26

Децата од градинките 8ми Март, Весели цветови-Сончоглед и Кокиче од општина Кисела Вода на 27, 28 и 29 април го почувствуваа топлиот прием во училиштето „Кирил Пејчиновиќ“, исполнет со музика, игра и насмевки.

Низ спорт, креативност и другарство, секое дете остави дел од себе – цвет со своето име, запишано како спомен што ќе цвета со нови почетоци.

Ден исполнет со радост, каде детските срца направија прв чекор кон училишните приказни што допрва ќе се пишуваат.