Назад
Проект „Шах во школите”, во организација на Шаховскиот сојуз на град Скопје. 3/8/24
Денес во спортската сала во ОУ ,,Круме Кепески” се одржа турнир во шах, како дел од проектот ,,Шах во школите”, во организација на Шаховскиот сојуз на град Скопје. На турнирот учествуваа 194 ученици од основните училишта во Кисела Вода поделени во четири категории, момчина и девојчина, од I до V и од VI до IX одделение, кои играа по пет партии секој. Од нашето училиште зедоа учество околу 30 ученици, кои одлично одиграа, а најдобриот од нив Андреј Божиноски од 7-а одделение се закити со сребрен медал и Диплома за освоено второ место. Браво Андреј и честитки за сите учесници