Назад

Учество на ТВ емисијата-Звон 5/8/23

 

Учениците од нашето училиште на ден 30ти март, ја имаа можноста да учествуваат на ТВ емисијата - Ѕвон. Успеаа да ги покажат своите таленти од областите по свирење, играње, пеење... Започнавме со ученичките од осмо одделение кои го претставијa училиштето и ги споделија нивните искуства од патувањето во други земји преку програмата "Еразмус". Потоа следеа учениците  од петто оделенние со нивните ритмички точки, истите припремени од страна на нивните одделенски наставници. Свое претставување имаа и ученици од седмо одделение кои ја изиграа кратката претстава во чест на Кирил Пејчиновиќ, подготвени од наставничката по Македонски јазик - Снежана Цоневска. Ги слушнавме и како пеат ученичките од петто одделение под менторсво на наставничката по музичко образование - Даница С. Настевска. Меѓувремено девојчињата од петто одделение учествуваа во активноста за да создадат интересни маски за 1ви Април. Ја имавме можноста сите овие таленти да ги споделиме со јавноста и тоа ни беше големо задоволсво.