Назад
Дводневна екскурзија низ Источна Македонија 6/1/24
На 21 мај 2024 г. шестооделенците од нашето училиште беа на дводневна екскурзија низ Источна Македонија. Ја посетија црквата св.Тројца во Радовиш, манастирот Вељуса, Колешински водопади,Дојран, археолошкиот локалитет, Стоби. Учениците имаа можност да се запознаат со природните и историските богатства на својата татковина. Воедно имаа можност за дружење со своите соученици. Екскурзијата се реализираше под менторство на одговорните наставници: Марина Н.Ристова, Катерина Кузмановска, Катерина Ѓуровска, Антониета Ѓорѓиевска.