Назад

„Правата на детето - безбеден чекор кон среќно детство!“ 10/10/24

Детската недела оваа година започна на ден 7.10.2024 г. и ќе трае до 13.10.2024 г. Во рамките на Детската недела, која што е и законска манифестација наменета за децата, сите земји во Светот вклучително и Македонија стават посебен акцент на детето и на правата на детето предвидени во законските регулативи кај секоја држава, а кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето при ООН.

Оваа година мотото за Детска недела гласи:

Правата на детето - безбеден чекор кон среќно детство!

 

По повод Неделата на детето, во нашето училиште се одржа бројни активности за промовирање на детето, детските права и обврски. Како завршна активност со која се заокружи одбележувањето на Детска недела, се одржа пригодна приредба и свечен прием на првачињата во Детската организација на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ со положување на заклетва.