Назад

Одбележување на 3 декември ,Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. 12/1/23

По повод Денот на лицата со попреченост, инклузивниот тим на училиштето во соработка со наставниците и образовните асистенти организираше низа активности. Дел од учениците учествуваа во спортски игри, дел пишуваа раскази и цртаа, дел твореа и правеа постери. Дополнително креиравме и неколку социјални приказни кои ќе може да се употребуваат во секојдневната настава.