Назад
Работилница „Техника за трансформација на биоотпадот“ 12/18/24
На ден 17.12.2024 г. нашето училиште со ученици од 7, 8 и 9 одд. и наставничките по биологија Лидија Блажеска и Љубица Поп-Тошева Костоска учествуваа на работилница ,,Техника за трансформација на биоотпадот" од проектот ,,Граѓански активизам за остварување на цоркуларорна економија во управувањето со органски отпад"', кој го спроведува Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) ,Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија .Работилницата се одржа во Био_технолошката лабораторија која се наоѓа во просториите на СУГС,,Марија Кири Склодовска"во Скопје .
Преку кои се претстави начинот на интегрирање на искуственото учење за учениците на предмети поврзани со биологија и хемија со фокус на пренамена на био-отпад и кружна економија.