Назад

Посета на балетска претстава 2/16/20

Во Националната опера и балет на ден 15.02.2020 год.од 20 часот беше изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска. По иницијатива на наставничката по музичко образование Даница С. Настевска, учениците од деветто одделение вчера посетија одлична балетска претстава која што на крај сите ги воодушеви. Целта на оваа посета беше пред се' учениците да се зближат со музичката култура. На овој концерт покрај наставничката по музичко образование присуствуваше и наставникот по граѓанско образование Даниел Божиновиски, љубител на класичната музика.