Назад

World Scholar’s Cup 5/30/22

Во периодот од 12 - 14 мај 2022 година, во просториите на Yahya Kemal College и Македонската филхармонија се одржа Светскиот Ученички Куп (World Scholar’s Cup). Нашето училиште за првпат учествуваше на овој меѓународен настан со свој тим од тројца учесници од осмите одделенија Мила Наумовска VIII-г, Наде Јанкоска VIII-г и Јаков Давчевски VIII-a, ментор Наташа Лосковска.

 

Нашите осмоодделенци, иако најмлади меѓу сениорските тимови, постигнаа одлични резултати и се закитија со 7 поединечни (златни и сребрени медали) и 2 тимски сребрени медали:

1. Мила Наумовска  - VIII г (6 поединечни – 5 златни и 1 сребрен медал);

2. Јаков Давчевски – VIII-а  (1 поединечен – сребрен медал).

Покрај освоените медали, она што посебно не радува е квалификацијата на нашиот тим за Глобалните рунди на Светскиот ученички куп, кои е планирано да се одржат во повеќе држави во светот.