Назад

Ученички парламент 12/30/20

Во нашето училиште со години успешно функционира и работи Ученичката заедница, која според новиот закон е преименувана во Ученички парламент. Во него членуваат претставниците на одделенските заедници од сите паралелки во училиштето.

Оваа година и покрај пандемијата и отежнатите услови за работа, парламентот одржува средби на кои се дискутира за проблемите со кои се соочуваат учениците. За поуспешна работа минатата година беше избран и ученички правобранител кој има мандат од две години. Функцијата ученички правобранител ја извршува ученикот Филип Демјански од VIII-г одделение.

Исто така беа одбрани и ученици кои ќе го претставуваат парламентот на состаноците со Училишниот одбор и претседател и потпретседател на Ученичкиот парламент. За претставници се одбрани учениците: Калина Анѓелевска  од VIII-а и Марко Спасовски од VIII-в одделение. За претседател на Ученички парламент беше избрана ученичката Лана Стоицовска од IX-в одделение, а за потпретседател – Ева Ламбеска од VIII-в одделение .

 

Одговорен наставник
Александра Ѓуровска