Назад

„Ритам на мирот“ 10/9/20

Во нашето училиште „Кирил Пејчиновиќ"  со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во наредните 12 недели ќе се реализира проектот „Ритам на мирот", за кој  беше потпишан меморандум за соработка.

Проектот ќе им помогне на децата да научат подобро да зборуваат англиски јазик, да научат да танцуваат, да работат тимски и да стекнат поголема самодоверба. Покрај ова, ќе се одржат и курсеви за претприемништво и комуникациски вештини. По завршувањето на обуките, децата ќе знаат како да носат позитивни одлуки во нивните животи, а и како да влијаат на заедницата.

Проектот го имплементира MindLeaps од САД, а ќе го водат професионалци од мешани тимови на САД и Северна Македонија. Сите заинтересирани ученици може да се пријават на електронската адреса: davis@mindleaps.org.

На потпишувањето на меморандумот присуствуваа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски.