Назад
Проект со Црвен крст 4/29/21
„Играта на зборови може да повреди“
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кисела Вода во соработка со одделението за превенција при СВР Скопје, на 27.04.2021 година реализира проект насловен како: "Играта на зборови може да повреди". Информативно- едукативно предавање во времетраење од 60 минути (два блок часа) се одржа онлајн преку microsoft teams, со учениците од 8мо и 9то одделение.
Координатори на проектот се предметен наставник Сашо Јованоски, стручни соработници Жаклина Стојановска (педагог) и Велика Миленковска (дефектолог).
Проектот е финансиски поддржан од фондот за развој на проекти при Црвен крст на Република Северна Македонија.