Назад

Недела на солидарноста 4/29/21

Под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ- значајна помош“ Црвен крст на РС Македонија, Општинска организација Кисела Вода ја одбележа традиционалната „Недела на солидарност“ преку хуманитарни активности со цел подигање на свеста на населението за потребата на меѓусебна помош и поддршка на ранливото население.

За таа цел во периодот од 19-25 април 2021 година, нашето училиште активно се вклучи во хуманитарната акција преку:

  • донација на прехрамбени производи и производи за лична хигиена;
  • донација на парични средства.

И овој пат родителите, учениците и наставниците ја покажаа својата хуманост и солидарност, при што акцијата беше успешно реализирана (донирани се парични средства и пакети со прехрамбени производи и производи за лична хигиена).

ООУ„Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода ја продлабочува соработката со Црвениот крст на РС Македонија, Општинска организација Кисела Вода во областа на здравствено превентивните активности, крводарителството, Првата помош, подготвеност и одговорност при катастрофа и други активности потпишувајќи МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА.