Назад

Обука за критичко размислување и кодирање со микробит 2/4/20

Од 13 до 15 јануари 2020 нашето училиште беше домаќин на обуката „Училишта на 21-век“,
Овој проект е финансиран од Британскиот совет чија цел е да придонесе кон подобрување на основното образование во земјите од Западен Балкан и да им
овозможи на децата од 10 до 15 години да ги развиваат вештините за критичко размислување, решавање проблеми и кодирање.
На отворањето на третиот циклус обуки присуствуваше Амбасадарот на Велика Британија Рејчел Галовеј и директорот на Британскиот совет Елеонора Запрова.
Од нашето училиште оваа обука ја посетија 8 наставници од предметна настава.