Aктивности на литературната секција 2/3/19
Во рамките на активностите на литературната секција, под менторство на наставникот Александра Ѓуровска, учениците од шесто одделение твореа на тема: „Зимска бајка“. Со цел да се поттикне интересот за творење и да се засили љубовта кон пишаниот збор беа одбрани најдобрите творби.
Зимска бајка
Зимата е едно убаво и интересно годишно време. Навидум сѐ е некако мирно, а сепак е раздвижено. Мечките се скриени во своите легла и се подготвуваат за длабокиот зимски сон, а пак вредните верверички во своите домови се сладат со оревчиња и лешничиња. Бистрото поточе го нема веќе својот бучен жубор бидејќи неговиот воден тек е делумно замрзнат. Насекаде се слуша жалниот цвркот на врапчињата кои се обидуваат да пронајдат некое зрно храна. Дрвјата веќе одамна ја изгубиле својата раскошна крошна и ја замениле со своите невестински фустани. Оваа зимска бајка ја надополнуваат и малите балерини-снегулки, весело танцувајќки на зимското ветре. Некаде далеку се слуша лаежот на верното куче коешто ја чува куќата на крајот од улицата. Од оџакот на куќата се извива црн чад кој е доказ дека во куќата има оган околу кој седат мали дечиња на кои дедото им раскажува приказни додека баба им им подготвува топло чајче.
Сите овие убавини допринесуваат зимата да ја доживуваме како вистинска бајка.
Мила Ѓорѓиевска VIб одд.
Зимска бајка
Зимските денови започнаа. Со нив започнуваат и детските снежни игри. Снегот полека паѓаше, снегулките се радуваат на детските насмевки што ги очекуваат, тие го играат зимскиот танц. А од тие деца сум и јас, се радувам на секоја падната снегулка и јас се радувам за зимските денови.
Eдно зимско утро, јас и мајка ми го пиевме утринскиот чај од лимон. Откако го испивме чајот, заедно се упативме кон мојата соба, ги зедовме капата, шалот и зимските ракавици, а со нив и санката. Ја отворивме вратата, а пред вратата нѐ чекаа Вил, нашето бело куче, а со него и моите пријателки - Марија и Теа. Отидовме до паркот. Таму започна нашата зимска бајка. Во таа бајка се зборува за зимското кралство близу замрзнатата река. Јас бев кралицата, Марија- дворскиот слуга и Теа- готвачот. И така започнавме.
-Една чаша топол чај од лимон-реков јас. – И ве молам и шеќер!
-Веднаш кралице -рече дворскиот слуга.
- Еден топол чај од лимон со шеќер!
-Веднаш-рече Теа...
И така сѐ додека мајка ми не не прекина. Заедно отидовме да правиме Снешко.
Му го дадовме името Бел Морков, бидејќи беше многу голем, со голем морков место нос.
Оваа зимска бајка е една од најубавите и јас уживам во зимските денови. Дали вие уживате?
Лина Јаневска VI-а одд.
Зимска бајка
Си беше еднаш едно девојче кое сѐ уште веруваше во бајките кои секоја вечер со внимание ги слушаше додека мајка и ги раскажуваше. Тоа веруваше дека еден ден ќе стане дел од некоја од безбројните бајки. Една зимска, студена вечер додека мајка и ѝ раскажуваше една бајка, девојчето замислено гледаше низ прозорецот. Кога мајка и заврши со раскажувањето на бајката, таа му посака добра ноќ на девојчето, излезе од собата и го изгасна светлото. Девојчето сѐ уште не го тргна погледот од прозорецот. Надвор Месечината светкаше, а девојчето длабоко загледано во далечината забележа некаква сенка. Немаше луѓе, па девојчето малку се исплаши, но потоа сфати дека тоа е самовила. Тоа го отвори прозорецот, ја подаде главата надвор и ја викна самовилата. Беше студено. Паѓаше снег, а со доаѓањето на самовилата како студен бран да го удри девојчето. Тие се запознаа и зборуваа. Девојчето дозна многу работи за самовилата, а и самовилата за девојчето. Девојчето дозна дека таа самовила е самовилата на Зимата и на мразот. Тие две имаа многу авантури заедно. Секоја вечер самовилата доаѓаше на прозорецот на девојчето. Тие водеа долги, бескрајни разговори, се шетаа низ густие, замрзнати шуми и многу се забавуваа. Но, со доаѓањето на пролетта, самовилата исчезна. Во последниот разговор со девојчето, таа му кажа дека се појавува само во Зима. Девојчето со нетрпение ја очекуваше Зимата секоја година, а со тоа и нејзината пријателка-самовилата.
Ема Ефремова VI-в одд.
ЗИМСКА БАЈКА
Зимата е прекрасно,снежно и студено годишно време. Мојот омилен дел од зимата се празниците, снегот и секако, зимскиот распуст. Еден зимски ден е обично студен, понекогаш снежен и исполнет со забавни зимски игри. Децата одвај чекаат да заsвони училишното sвонче за да им се нафрлат на бескрајните зимски игри. Такви се Марко и Бојана, но тие секој ден за нешто се караат. Денес се натпреваруваа во градење снешковци и бидејки Снешкото на Марко беше поголем, Бојана му го сруши. Наредниот ден дојдоа децата од соседното маало и ги предизвикаа да се натпреваруваат со снежни топки. Бојана и Марко се плашеа од туѓиот успех, па и двајцата играа сами. Кога почна играта, Бојана и Марко почнаа да губат. Бојана се охрабри и му рече на Марко:
-,Ајде да играме заедно и да не се караме повеќе! Можеби така ќе победиме.
Марко се согласи и победија. Од ова научија дека ако се заедно и не се караат, ќе постигнат добар успех.
Јована Ефремова, Via
Зимска бајка
Беше зима. Утрото кога се разбудив погледнав низ прозорецот и видов улици и куќи прекриени со бела прекривка ткаена од бели и сјајни снегулки. Мајка ми ми го подготвуваше појадокот , додека јас се облекував за да излезам надвор со моите другарчиња. Откако појадував излегов надвор со санката за да можам да се санкам по големата прекривка од снег. Потоа дојде време за ручек. Јас отидов дома да ручам и да си ги стоплам моите смрзнати раце и нозе. Си ги стоплив рацете и нозете и бев подготвен да правиме Снешко. Зедов од дома еден морков кој ќе биде нос за Снешкото , капа , шал и ракавици. Почнавме да го правиме Снешкото и од кога го направивме го видоа децата од соседната улица и многу ни завидуваа . Но, тие многу добро знаеја да возат скии и ни покажаа како возат. И во тој момент ние се воодушевивме .
Децата ни побараа да направиме натпревар во скијање и ние се согласивме. Дојде денот на натпреварот. Трката почна добро, но едно од децата падна и многу лошо беше повредено. Сите се стрчавме и го однесовме на доктор и докторите ни кажаа дека не е страшно само го истегнал мускулот . Потоа се вративме на местото каде што се тркавме и ја продолживме трката , а детето што беше повредено мируваше и гледаше од страна. Советот од докторите беше дека зимата е убава , но мора да внимаваме со зимските игри да не се случи некоја незгода .Тоа беше еден прекрасен зимски ден.
Петар Ѓорѓиевски VI а одд.
ЗИМСКА БАЈКA
Една зима со многу снег, Марко со неговите другари Миле и Стојан си игрaa во снегот. Таа зима мајката и таткато на Марко сакаa да ја прослават Новата година во Австрија. Но, Марко сакаше да остане со своите другари. Тој со своите пријатели играше разни игри и затоа не сакаше да се раздели од нив.Тој тоа им го кажа на своите родители.
-Мамо јас не сакам да се раздeлам oд Миле и Стојан!- рече Марко.
-Но, во Австрија е многу убаво синко.
-Но мамо таму немам другари.
-Но синко...
Потоа се приклучи и татко му на Марко.
-Синко, јас и мајка ти ќе бидеме таму.
Потоа Марко сфати дека би било убаво да помине време со своите родители и се развесели. Потоа излезе надвор да игра со своите пријатели.За тоа време родителите на Марко, родителите на Миле и родителите на Стојан се сретнаа и се договорија сите заедно да одат да ја прослават Новата година. Сите родители се согласија со тоа.
-Сите деца ќе бидат могу среќни за тоа!- рече мајкаму на Марко.
-Да!- рекоа сите во еден глас.
Но, тоа што го одлучија родителите не им го соопштија на нивните деца. По единаесет дена тргнаа на пат. Децата, освен Марко не знаеја каде одат. Миле и Стојан цело време ги прашуваа нивните родители каде одат, но родителите не им одговараа. Кога стигнаа таму и се видоа меѓу себе тие многу се израдуваа. Многу се забавуваа.Таму имаше многу снег и беше премногу убаво. Заедно правеа куќи од снег во кои поминуваа голем дел од времето.Тројцата другари се научија и да скијаат.И возрасните си играа заедно со нив.Се маваа со топки снег,правеа огромни снешковци и уште многу нешта. Со еден збор уживаа како во зимска бајка.
Во Австрија си поминаа многу убаво, па беа тажни што ќе си одат.
Кога се вратија од таму по цели денови си ги раскажуваа случките што им се случија таму.
Теодор Атанасоски VI-а
Зимска бајка
Студениот бран пристигна најавувајќи го доаѓањето на зимската кралица. Северко побрза заедно со своите придружници, сивите облаци на свечениот пречек на нејзиното височество Зимата.
Зимата блескаше со својата раскошна бела и стаклена наметка придружена од снежните снегулки. Во чест на нејзиното пристигнување започна зимскиот бал.
Северко свечено ги покани снегулките да го заиграат првиот танц. Нивниот танц го распосла белиот килим секаде наоколу. Облаците примамени од убавите звуци од танцот на Северко и снегулките, се собраа во голем број и се придружија.
Сонцето иако не беше покането на церемонијата, тоа не можеше да остане рамнодушно на свеченоста. Тоа неколку пати се обиде да се пробие меѓу облаците за да ја поздрави кралицата Зима. Но, поради многуте гости, облаците, сонцето не можеше да биде дел од балот.
Зимската кралица со својата грациозност гордо чекореше покажувајќи ја својата убавина. Целата природа наоколу ја маѓепса и облече во свечена бела облека. За миг се слушна и детскиот џагор и смеа кои за нејзиното височество Зимата беа најубавата музика. Детската радост и зимските игри со снегот беа најубавиот подарок од Кралицата.
Таа ги галеше детските обравчиња и носиња поздравувајќи ја нивната радост и среќа. Нејзиното височество посакуваше сите да ја видат и да се радуваат на нејзиното присуство и убавина. Северко често тропаше на вратите и прозорците од домовите на луѓето, повикувајќи ги сите да се придружат на зимскиот бал.
Да се радуваме на убавините на нејзиното височество Зимата, да ја поздравиме со радост и смеа.
-Бидете и вие дел од зимската бајка, - ги канеше луѓето, кралицата Зима.
Надица Китинова VI-б
Зимска Бајка
Таа зима бeшe студена и необична, бидејки снежната кралица Касандра од долината на снегот се симна со нејзината кочија и им се закани на селаните дека кој ќе излезе надвор ќе биде замрзнат. Зимската идила беше прекрасна и не можешe да ѝ се одолее, ги привлекувашe селаните да излезат надвор. Но, заканата на снежната кралица Касандра ги спречувашe, па затоа беa приморани да седат дома покрај своите огништа. Но, еден ден Илија и Клара, кои беa деца од сиромашно семејство излегoa надвор, заборавајќи на заканата. Снежната кралица кога ги здогледа веднаш ги замрзна. На снежната кралица Касандра многу ѝ се допадна Илија, па реши да го пушти. Откога го одмрзна, посака Илија да остане во нејзиното кралство. Тој ѝ речe дека ако му исполни една желба ќе остане. Кралицата се согласи. Желбата на Илија бeшe да ја одмрзне сестра му Клара. Кралицата немашe друг избор, па ја исполни неговата желба, а Илија и Клара останаa во кралството. Нивните родители се загрижијa, па почнаa да ги бараат. Снежната кралица Касандра тогаш ги здогледа и ги одвeдe во нејзиното кралство кај нивните деца. Кога пристигнаa таму се израдуваa бидејќи ги здогледаа своите деца живи и здрави. Сите седнаa да вечераат заедно и ја замолиja кралицата Касандра да ја повлече заканата. Таа се согласи и го стори тоа. Сите се израдуваa, а Илија, Клара и нивните родители за возврат останаa да живеат со снежната кралица Касандра.
Ана Пиштолова VI-б
Зимска бајка
Беше зима. Снегулките мирно и нежно паѓаа и го замаглуваа мојот прозорец. Бев сама дома. Моите родители беа заминати до продавница, но мене ми беше многу здодевно и решив да излезам надвор. Се облеков во зимска облека. Мојата дебела зимска јакна, чизмите, капата, шалот и ракавиците. Излегов надвор. Најпрво ги погледнав дрвјата кои беа прекриени со снег. Снегулките паѓаа толку бавно и убаво така што веднаш се занесов во зимската бајка. Одејќи се одалечив од мојот дом. Сѐ повеќе се одалечував, газејќи со чизмите по снегот. Одеднаш застанав...
Слушнав некој чуден звук кој доаѓаше од зад грмушката. Одеднаш од грмушката излезе едно чудно суштество направено од снег кое држеше малечка црвена ѕвезда која многу силно блескаше. На почеток и двајцата бевме срамежливи, но потоа тој пријде до мене и ми кажа дека се вика Тото, а потоа и јас му се претставив. По неколку минути јас и Тото почнавме да играме многу интересни игри. Од толку игра, смеа и забава заборавив на моите родители и што ќе си помислат кога нема да ме најдат дома. Му кажав на Тото дека морам да си одам дома, а тој ме запре и ми ја даде црвената блескава ѕвездичка која ја држеше во раката. Се збогував со Тото, затоа што знаев дека никогаш повеќе нема да се сретнеме.
Кога се вратив дома им ја раскажав целата случка на моите родители. Тие се изненадија и се зачудија многу од оваа приказна. Од тогаш, секоја Нова година таа ѕвезда која ми ја подари Тото ја ставав на врвот на елката, потсетувајќи се на среќните и убави мигови со него.
Дафина Гилевска 6-а одд.
Зимска бајка
Беше крај на декември. Календарот полека ги кинеше последните денови од старата година.
Снегот незапирливо паѓаше и со својата бела покривка ја покриваше целата земја. Покривката ја шиеја снегулките – балерини кои играа во воздухот. Зимата со својот сребрено -сив нож ја сечеше кожата на минувачите. Северко дуваше и ги носеше капите и шаловите на децата.
Во таа студена зима кај нас во село спасител беше огнот. Покрај огновите во топлите колиби раскажувавме приказни и бајки. Најинтересни беа бајките на дедо. Тие ме внесуваа во убавината на зимата и ми ги откриваа нејзините непознати тајни.
Еднаш дедо ми раскажа интересна бајка. Зборовите излегуваа од неговата уста, па минуваа низ белата брада. Тој почна:
- Си беше еднаш една горда кралица. Таа имаше круна од мраз, а нејзината наметка беше од снег. Имаше и дворец од мраз кој постојано блескаше. Нејзиниот омилен период беше почетокот на зимата. Тогаш таа правеше обиколка на сета природа. Кога дојде тој ден кралицата замина на прошетка.Прво ја посети шумата. Ги погали шумските животни со својот студеникав здив. Потоа отиде кај реките и ги претвори во лизгалишта за снегулките. Ги посети полињата и ги покри со белата покривка од снег. На мечките во пештерите им испеа приспивна песна и им посака сладок сон...
-А дали ќе остане тука засекогаш? – прашав јас прекинувајќи го.
-Не – одговори дедо. – Но, ќе дојде пролетта, па летото, есента и потоа повторно зимата.
Дедо го зеде ќебето, ме покри и отиде во кујната да го допие штотуку почнатиот чај.
Марко Митевски 6-б одд.
ЗИМСКА БАЈКА
Беше зима. Снегулките секојдневно танцуваа весело. Тие неуморно го градеа својот снежен замок. Марија газеше по снежниот, бел тепих со санката в раце, која оставаше траги во снежната белина. Со неа одеа уште две дечиња – Мила и Бане. Тие по патот правеа снежни бели топки, за да се подготват за снежниот натпревар. Помина некое време и во зимската тишина се слушна глас. Тоа беше Бане:
-Еве, пристигнавме!
Таму ги пречекаа уште пет момчиња по име Марко, Милан, Златко, Миле и Здраве. Сите заедно организираа натпревар во најдобри и најзабавни зимски вештини.
-Јас ќе правам бел снежен Снешко! – рече Здраве.
-Ние ќе се маваме со снежни топки! – рекоа Мила, Бане и Марко.
-Ние ќе се санкаме! – извикаа Милан, Миле и Марија.
-А, јас ќе скијам! – рече Златко.
Се слушаше детската врева. Сите беа возбудени. НАТПРЕВАРОТ ЗАПОЧНА! Сите ги покажаа своите вештини. Снегулките весело се превртуваа и нежно паѓаа на земјата. После долго време натпреварот заврши. Сите ги чекаа резултатите, но резултатите беа многу поразлични од очекувањата на децата. Сите победија. Тоа е бидејќи секој е успешен во она што тој сака да го прави.
Со труд и работа доколку нешто сакаме, нашата желба ќе биде остварена и ние ќе бидеме горди на себе.
Калина Анѓелевска VI-а
ЗИМСКА БАЈКА
Си беше еднаш едно девојче кое многу ја сакаше зимата. Го сакаше снегот, снегулките кои пагаа од небото, детските игри, а најмногу ја сакаше новогодишната вечер. Како што поминуваа деновите, новогодишната вечер беше на прагот, а девојчето беше пресреќно. Одвај чекаше да го добие подарокот од Дедо Мраз под елката. Елката беше прекрасна, накитена со најубавите лампиони. Кога дојде новогодишната вечер, девојчето со нејзините родители гледаше новогодишен филм. Кога филмот заврши, тие почекаа да дојде дванаесет часот по полноќ за да си ја честитаат Новата година. Кога си ја честитаа Новата година, бидејќи беше доцна навечер, девојчето требаше да спие. Мајка ѝ и татко ѝ ѝ кажаа дека кога ќе се разбуди наутро, ќе го види подарокот што ке ѝ го остави Дедо Мраз под елката. Девојчето беше пресреќно и со задоволство легна во креветот и заспа. Додека спиеше, една самовила долета до нејзината глава и ја разбуди со милни и нежни зборови. Девојчето беше премногу зачудено, но воедно и пресреќно бидејќи мислеше дека се наоѓа во сон и знаеше дека овие нешта се случуваат само во бајките. Самовилата му рече на девојчето да отиде кај елката. Девојчето се симна по скалите, а покрај елката стоеше Дедо Мраз кој стави еден голем подарок под елката. Девојчето истрча пред Дедо Мраз и со голема возбуда во гласот го изговори неговото име. Дедо Мраз ѝ кажа неколку зборови и исчезна. Девојчето мислеше дека се наоѓа во некоја бајка. Погледна низ прозорецот и го виде Дедо Мраз со ирвасите качен на санката извикувајки “Хо,Хо,Хо” и намигнувајќи на девојчето. Девојчето ги разбуди нејзините родители и до најмал детал им раскажа за сето тоа што ѝ се случи. Подарокот малку се движеше и се вртеше.Кога го отвори во него виде едно мало кученце. Девојчето не знаеше што да прави од среќа. Ги прегрна своите родители и кученцето. Ова беше најубавата Нова година за девојчето.
Ева Ламбеска VI-в одд.
Зимска бајка
-Студи брр! Зимата дојде и во нашиот крај. Оваа зима беше студена како и сите други, но за децата многу интересна.
Вака беше: Едно утро кога баба ми ме разбуди јас забележав дека надвор паѓа снег. Кога зимата го распосла нејзиниот бел килим децата со радост ги зедоа санките и скиите и излегоа надвор. По кратко време, јас, сестра ми и баба ми излеговме по нив. На патеката за скијање ја сретнав мојата другарка Теодора со нејзиното помало братче. По трката, двете изморени седнавме на клупата. После долгото одморање се договоривме да направиме Снешко другиот ден. Утредента разбрав дека Теодора настинала, па Снешкото го направив со другите деца. По неколку дена дојде и празникот Бадник. Сите деца почнаа со коледарските песни. Куќа по куќа, париче по париче се вративме дома со полни торбичиња.
Оваа зима ми беше една од најубавите. Таа секогаш ке ми буди соништа како во бајка.
Мила Стојановска VI-а одд.
Зимска бајка
Еден прекрасен зимски ден, двете сестрички, Еми и Јана, си играа заедно.
-Еми, сакаш да направиме голем снежен град?-извика Јана.
-Може! – се согласи Еми.
Тие почнаа да го прават нивниот снежен град. Кога завршија си отидоа дома. Дома разговараа и разменуваа идеи за нивниот снежен град.
Следниот ден тие излегоа надвор и сакаа да го доправат, но забележаа дека нешто лежи во нивниот снежен град. Кога се доближија видоа мало кученце. Тоа беше многу мало и бело како снег, со впечатливи црни точки на нозете и прекрасни, сини очи.
-Јана, види го кученцето. Што ќе правиме со него?-праша Еми.
-Не знам. Сакаш да го земеме?-одговори Јана.
-Да ,но, не знам дали можеме да го чуваме.-рече Еми.
-Добро јас сакам да го земеме дома и да го чуваме.-предложи Јана.
-И јас сакам -се согласи Еми.
-Тогаш да го земеме.-рече Јана.
-Добро.-рече Еми и го зедоа.
-А, како ќе се вика?-се сети Јана.
-Сакаш Кики?- одговори Еми.
-Не, дали сакаш Ники?-праша Јана.
-Не, сакаш Бела?-праша Еми.
-Да!- рече Јана.
Тие многу ја засакаа Бела и таа им стана неразделен пријател.
Андреа Михајлова VI-а одд.