Назад

21 февруари - Меѓународен ден на мајчиниот јазик 2/24/22

„Кога му зборуваш на човека на јазик кој го разбира, зборовите одат во неговата глава, но кога му зборуваш на мајчиниот јазик, зборовите одат право во неговото срцето“ -Нелсон Мeндела

По повод 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во рамки на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, под заедничкото мото „Заедно“, нашето училиште и партнер училиштето ООУ „Алија Авдовиќ“ од с. Батинци, подрачно с. Љубош, остварија заедничка онлајн работилница.

Во работилницата беа вклучени ученици кои говореа на својот мајчин јазик: македонски, албански, турски, босански. српски, руски, хрватски и црногорски, притоа запознвајќи се со сличностите и разликите на различните јазици.

Освен на мајчин, учениците говореа и на италијански, англиски, германски и корејски јазик и споделија знаења за карактеристиките на секој јазик кој го говореа.

Нека ни е честит денот!

Да зборуваме многу јазици, но да си го сакаме и негуваме нашиот мајчин јазик.

Одговорни наставници: Ирена Стефанова, Александра Бошковска Спасовска, Катерина Трајчевска Ѓуроска, Елена Бендовска, Жаклина Стојановска, Христина Трајчулеска-Бујуковска