Назад

Меѓународен проект: „РЕТКИ СЕ” 3/3/26

По повод 28 Февруари - Денот на ретките болести, во I-б одделение се реализираше на 27.02.2026 година едукативно - креативна работилница со цел учениците да разберат дека ретките болести се посебни, но сите луѓе се важни. Активноста ја развиваше свеста за различностите и ги охрабруваше децата да ја „прегрнат“ уникатноста на другите.

Чекори на активноста:

Преку детски цртан филм со различни цвеќиња - некои обични, некои ретки - учениците се воведоа во темата. Објаснето е: „Има многу цвеќиња, но некои се ретки. Сите се убави! Како ретките болести - ретки се луѓето што ги имаат, но сите заслужуваат љубов.“ Го повторивме мотото: „Ретки се!“

Игра „Ретка сум!”

Секое дете се црта себе како „ретко цвеќе“ со посебна боја или облик. Додека цртаат, ги прашуваме: „Што те прави посебен?“ Сите велат: „Редок сум!“ и се прегрнуваат.

Групен плакат :

На пано, сите цвеќиња се залепуваат во градина. Во средина е испишано: „Ретки се - но сите сме цвеќиња!“ Учениците додаваат срца и пораки како „Сите сте супер!“

Заклучок:

Кружно седење - секое дете споделува што научило. Часот завршува со песна: „Ретки се, ретки се, сите заедно среќни се!“ и групно прегрнување.

Порака:

Активноста е сензорно - пријателска и интегрира уметност и движење, со цел да се развие емпатија, прифаќање и разбирање на различностите кај учениците од најмлада возраст.

Координатори:

Одделенски наставник: Викторија Георгиевска Младеноска

Дефектолог: Велика Миленковска

Образовен асистент: Ива Кировска