Назад

Училишен натпревар по математика 2/10/19

На 07.02.2019 год. во нашето училиште се одржа Училишен натпревар по математика за ученици од V до IX одд.

Учествуваа 88 ученици, а натпреварувањето траеше 90 мин. спроведено согласно Правилникот на Сојузот на математичари.

Изборот на задачите беше од постоечките збирки и досегашните општински и регионални натпреварувања.

  • Избор на задачи за V одд.: Весна Бошковска, Павлинка Мијалова, Ирена Шехтанска и Билјана Мицковска
  • Избор на задачи за VI одд.: Александра Бошковска Спасовска,
  • Избор на задачи за VII одд.: Билјана Крстиќ,
  • Избор на задачи за VIII одд.: Ирена Стефанова,
  • Избор на задачи за IX одд.: Мимоза Митиќ

Најдобрите пласирани ученици на Училишниот натпревар ќе учествуваат на Општинскиот натпревар кој ќе се одржи на 02.03.2019.

линк до фотографии од настанот