Ученички парламент 11/28/21
Во нашето училиште со години успешно функционира и работи Ученички парламент. Во него членуваат претставниците на одделенските заедници од сите паралелки во училиштето.
Оваа година, како и претходната и покрај пандемијата и отежнатите услови за работа, парламентот одржува средби на кои се дискутира за проблемите со кои се соочуваат учениците.
Средбите се реализираат on line, на платформата Microsoft Teams.
За поуспешна работа на Ученичкиот парламент, избрани се претседател и заменик претседател кои ќе го претставуваат парламентот на состаноците на Наставничкиот совет. За претседател е избрана ученичката Михаела Блажевска од 7-б одделение, а за нејзин заменик, ученичката-Марија Миланова од 9-г одделение.
Исто така беше одбран и Ученички правобранител, кој ќе ги застапува интересите на учениците. За правобранител беше избрана ученичката Калина Стојановска од 7-г одделение, а заменик е Ивана Лакордова од 7-б одделение.
Состаноците ги организира и води предметниот наставник по македонски јазик – Александра Ѓуровска.