Назад

Упис на ученици во прво одделение 4/29/21

ООУ„Кирил Пејчиновиќ“-Кисела Вода, Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за упис во прво одделение во учебна 2021-2022 година

Почитувани родители,

Врз основа на член 60 од Законот за основното образование, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода, Скопје Ве известува дека во текот на месец мај ќе започне со упис на деца во прво одделение за учебната 2021-2022 година.

Право на запишување на деца во прво одделение имаат:

  • Деца родени во текот на 2015 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест (6) години.
  • Деца родени до 31.01.2016 година, по претходно барање од родител и добиено мислење од стручни соработници во училиштето.

Потребни документи за упис во прво одделение:

  • Извод од матична книга на родените
  • Потврда за примените задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа
  • Потврда за офтамолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа
  • Потврда за стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа

При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Поднесувањето на документите може да биде:

  • електронски преку www.uslugi.gov.mk или
  • со физичко присуство.

Време и место:

уписот трае во месец мај, од 9:00-13:00 часот во просториите на училиштето.

Интервјуто со ученикот ќе се реализира со физичко присуство, со претходно закажување на термин, согласно Протоколот за работа во услови на Ковид 19. контакт телефон: 078/ 354-541

(комисија за упис во прво одделение) 
Упис во прво одделение

Директор

м-р Борче Миревски