Назад

Oдбележување на Светскиот ден на лицата родени со Даунов синдром 3/22/22

На овој ден се одбележува Светскиот ден на лицата родени со Даунов синдром, симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба. Уште од 2006 година луѓето од целиот свет традиционално носат различни чорапи за поддршка на луѓето со овој синдром. Дауновиот синдром може да се случи во секое семејство, без оглед на расата, здравјето на родителите, начинот на живот или економската ситуација. По тој повод учениците од ООУ„Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода, Скопје облекоа шарени чорапчиња и изработија ликовни творби во кои е застапено шаренилото, било да се чорапчиња или ноктиња. На овој начин ја подигнуваме свеста кај сите и се водиме со мотото „сите сме различни, но сепак исти“.