Назад

Работилница на тема: „Техники за успешно учење“ 11/27/17

Извештај од одржана работилница 

Тема: Техники за успешно учење

Место на реализација: ОOУ „Кирил Пејчиновиќ“

Време на реализација: 30.10.2017 година за VI в одд.; 31.10.2017 година за VI б одд.; 06.11.2017 година за VI а одд. и 06.11.2017 година за VI г одд.

Предавачи: педагог: Жаклина Стојановска и дефектолог: Велика Миленковска

Присутни: учениците од VI одделение

 

Целта на работилницата е:

  • како до успешно учење
  • услови за учење
  • фактори кои влијаат на учењето
  • модели на памтење
  • да ги стекнат и подобрат работни навики
  • план за работа-учење
  • начини на учење
  • активно учење
  • постигнување на посакувани резултати

Работилницата-презентацијата се одвиваше во училницата со  „СМАРТ“ табла.

Во текот на презентирањето имаше постојана комуникација и  интеракција со учениците и заинтересираноста за истата беше на завидно ниво.

            На крајот од презентацијата на учениците им беа поделени брошури кои треба да ги прочитаат заедно со родителите, а во еден дел на брошурата да напишат што би промениле во своето учење.

Учиме како да учиме