Назад

Проект - A MAGICAL INTERCULTURAL FRIENDSHIP NETWORK 12/14/18

Проектот A MAGICAL INTERCULTURAL FRIENDSHIP NETWORK е меѓународен проект во кој учествуваат 31 земја од целиот свет. Од нашето училиште учествуваа учениците од IV-в одделение под менторство на наставничката Сузана Спирковска и IV-г под менторство на наставничката Елизабета Митревска.

Целта на овој проект е да се запознаат, учат и дружат едни за други и преку новите пријателства да се шират љубов, разбирање и толеранција. Проектот ја поддржува целта на ОН -унапредување на образованието. Нашите ученици научија за повеќе земји од светот  (за нивната местополжба, историја, култура, традиција, обичаи, фолклор….правејќи хамери, презентации, репортажи, видеа). Истражуваа за Србија, Хрватска, Нигерија, САД, Египет. Преку истражувањето го збогатија своето знаење за овие земји и ги усовршија вештините со користење на алатките потребни за дигитална писменост. 

Повеќе за проектот