На 20.09.2018 год., по повод проектот „Европска недела на мобилност“, учениците од II г одд. од нашето училиште учествуваа на Обука за сообраќајни правила на учениците, во соработка со Локалната средина. Целта на обуката беше учениците да стекнат нови знаења за правилното учество во сообраќајот како услов за нивната безбедност во секојдневното движење до училиштето.
Оваа презентација ја проследија директорот на училиштето Сашо Јованоски, педагогот Жаклина Стојановска како и претставници од општината.